Фудбал
Хакими: Ова е посебна вечер за мене, за прв пат постигнав хет-трик
Одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Ашраф Хакими е презадоволен од својот настап во синоќешната победа (5:1) над Ле Авр во 9. коло од Лига 1. Дваесет и седумгодишниот Мароканец постигна хет-трик и имаше две асистенции.
– Целиот тим одигра многу добар натпревар и ние сме многу среќни. Не беше лесен натпревар: го примивме првиот гол, но покажавме карактер и правилен став за да се вратиме во играта. Тоа е најважното нешто. Ова е посебна вечер за мене – пред сè затоа што победивме, но и затоа што го постигнав мојот прв хет-трик. Среќен сум и се надевам дека ќе постигнам што е можно повеќе голови во овој дрес, рече Хакими на официјалната веб-страница на клубот.
ПСЖ има 20 бода и е лидер на табелата во Лига 1. Ле Авр е последен со два бода.
ноември 1, 2026


