Connect with us

Хроника

Жител на Тетово пријавил напад по сообраќајка на Клинички во Скопје

Жител на тетовско Џепчиште пријавил физички напад по сообраќајна незгода на Клиничкиот центар во Скопје, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 11:50 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Н.Д., на возраст од 39 години од тетовското село Џепчиште, пријави дека околу девет часот на паркинг – простор во комплексот клиники „Мајка Тереза“, по претходна случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице, појаснија од МВР.

Оттаму потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.