Connect with us

Сервисни информации

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на делегација од Косово

Посебен режим на сообраќај ќе има во Скопје поради посета на делегација од Република Косово.

– Во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје – информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираа до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Ad
Ad