Хроника
„Волво“ удрило во мечка на автопатот Скопје–Тетово, животното загинало
Мечка угинала откако била удрена од патничко возило на автопатот Скопје-Тетово.
Според информациите од полицијата, вчера околу 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово патничко возило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрило во дивото животно.
Смрт кај мечката констатирал ветеринар од Зоолошката градина Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
октомври 25, 2026


