Connect with us

Кошарка

Вкупно 125 странски кошаркарки од 43 земји во НБА лигата

Годинава 125 странски кошаркари од 43 земји се регистрирани за новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот, објави во вторникот Националната кошаркарска асоцијација (НБА).

НБА лигата наведува дека ова е 13-та година по ред во која составите на тимот на почетокот на сезоната имаат најмалку 100 странски играчи.

Франција е земјата со најмногу претставници, со 17, а листата ја предводи Виктор Вембањама, играч на Сан Антонио Спарс, двократен Ол-стар и актуелен добитник на наградата за најдобар дефанзивен играч на годината.

Канада, која беше лидер во лигата по бројот странски игарачи во последните 12 сезони, сега е втора со 16 играчи, по што следуваат Австралија (9), Германија (7), Нигерија (6) и Србија (6).

Сите 30 НБА тимови имаат барем еден странски играч, а Далас Маверикс, Мајами Хит и Вашингтон Визардс имаат најмногу странски играчи – по седум.

Оваа сезона, НБА организира три натпревара надвор од САД и Канада како дел од своите напори за проширување на кошарката на глобално ниво. Денвер и Индијана ќе се сретнат на 7-ми ноември во Мексико Сити, по што ќе следат натпревари меѓу Њу Орлеанс и Сан Антонио во Париз и во Манчестер во јануари.

Ad
Ad