Connect with us

Формула 1

Ф1: Камара замена за Окон во Хаас

Бразилецот Рафаел Камара ќе го замени Французинот Естебан Окон како возач на Хаас во Формула 1 од следната сезона.
Младиот, 21-годишен Камара, во моментов е водечки во шампионатот во Формула 2 на две трки до крајот на сезоната, додека лани го освои шампионатот во Формула 3 и потпиша повеќегодишен договор со Хаас.
Камара потекнува од академијата на Ферари и следната година ќе вози заедно со Британецот Оливер Берман, кој, исто така, дојде од академијата на Ферари.
Заминувањето на Окон од Хаас на крајот од сезоната беше објавено минатиот месец. 

Ad
Ad