Connect with us

Култура

„Светлосно загадување“ – работилница за млади на ИФФК „Браќа Манаки“

Млади студенти и филмофили од Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија, поддржани од ментори на ИФФК „Браќа Манаки“, дебатираат и креираат филмски приказни на тема „Светлосно загадување“.

Изборот на темата е направен заради зачестената појава на светлосно загадување, посебно во урбаните центри, истакна Марија Џиџева, ментор на работилницата „Светлосно загадување“.

-Работилницата ја креиравме пред пет години и е континуирана, за да ги мотивираме младите деца, новите филмофили и студенти да се запознаат со делата на браќата Манаки и да почнат да создаваат кратки филмски приказни. Годинава тема на работилницата е „Светлосно загадување“ и притоа слушателите ги запознаваме со тоа што  се случува со различните видови на светлина кои на окружуваат, почувајќи од сината светлина што доаѓа од мобилните телефони и компјутерите, а понатаму и од светлината која блеска од различни билборди, коцкарници и други објекти. Од слушателите очекуваме да понудат кратки филмови со предупредување искажано од младата генерација, фокусирано на светлосното загадување. Паралелно, имајќи го пред вид фактот дека сите млади учесници се во постојан контакт со визуелноста, многу важно е да имаат основно ниво на филмска писменост и да се познава филмскиот јазик, посочи Џиџева.

Според кинематограферот Фејми Даут, младите филмофили треба да знаат како функционирале кинематографијата во времето на браќата Манаки и денеска, а со изборот на темата светлосно загадување, ќе знаат како да се справуваат со овој проблем.

-Темата „Светлосно загадување“ овозможува запознавање со светлосното загадување во градовите. Ако се бара дефиниција за светлосно загадување, тогаш слободно може да се каже дека светлосно загадување е се што не опкружува во секојдневието, вештачкото осветлување или преголемото употребување на светлосни извори во околината. Во денешно време сведоци сме на многу светлосни извори на кои ние непотребно се изложуваме. Тие доѓаат од разни рекламни паноа, излози на продавници и други објекти кои придонесуваат за пореметување кое ние го викаме светлосно загадување. Во градовите има премногу и преголемо светлосно загадување и тоа не е добро, посочи кинематограферот Даут.

Работилницата се одржува во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“ но и во соработка со Јадранската Мрежа која како што рекоа учесниците, ќе помогне за проширени соработки, посебно за еколошкиот пристап кон фестивалите.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4