Connect with us

Формула 1

Услови при кои Антонели би ја обезбедил титулата веќе на Гран при на САД

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, би можел да ја освои својата прва титула во Формула 1 на претстојната Гран При на САД.

На трката од Формула 1 шампионатот во Сингапур, Италијанецот ја зголеми својата предност пред клупскиот колега Џорџ Расел на 102 поени. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заостанува 111 поени.

Ако Антонели ја зголеми разликата пред Расел и Хамилтонм на 125 бода по викендот во Остин, тој ќе биде крунисан за шампион.

Така, Антонели ќе ја освои титулата ако победи во САД, Расел заврши деветти или пониско, а Хамилтон шести или пониско.

Ad
Ad