Свет
Гугл најави агент на вештачка интелигенција за деловни клиенти кој функционира како колега на работа
Американската компанија Гугл денеска најави нов агент на вештачка интелигенција од линијата Џеминај, наменет за деловни клиенти, кој според тврдењата на компанијата функционира како колега на работа, а не само како четбот.
Алатката со вештачка интелигенција може да се користи за низа задачи, од одговарање на прашања до создавање содржина и програмирање, соопшти Гугл.
Новиот агент со вештачка интелигенција работи во рамките на апликациите на Гугл, меѓу кои се Џимејл, Драјв, Докс и Календар.
Агентот е осмислен да работи како деловен колега, со сопствен корпоративен идентитет, наведува компанијата.
Најновиот производ ги надминува досегашните понуди на Гугл со агенти, кои во многу случаи само одговараа на прашања или извршуваа однапред поставени задачи во рамките на една апликација.
Гугл со овој потег влегува во натпреварот за корпоративни клиенти со компаниите OpenAI, Антропик и Мајкрософт.
октомври 9, 2026


