Connect with us

Фудбал

Тоти: Дербито на Рим е различно од сите други, тоа е неверојатно убав и тежок натпревар

Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, го сподели своето мислење за градското дербито помеѓу Рома и Лацио.

– Дербито на Рим е различно од сите други. Тоа е неверојатно убав и тежок натпревар… Римјаните го доживуваат поинаку од сите други. Секое дерби е различно. Без разлика дали победуваме, губиме или ремизираме, секое дерби е секогаш важно. Оние што ги добиваме се најпаметни, но самото учество во тој натпревар е незаборавно. Само римјаните ја разбираат важноста и значењето на овој натпревар, изјави 48-годишниот Тоти, за „RomaPress“.

Лацио ќе биде домаќин на Рома во четвртото коло од Серија А. Натпреварот ќе се одржи утре, 21 септември и ќе започне во 12:30 часот.