Живот
Британецот Карл Башби се врати во Англија по 28 години долг пат околу светот
Британскиот авантурист Карл Башби се врати во Англија 28 години откако ја напушти земјата, откако го преплива Ламанш. Со тоа, како што тврди, го заокружи патувањето околу светот изведено целосно без употреба на моторни превозни средства, коешто го започна во 1998 година, објави „Ал џезира“.
Башби (57), поранешен падобранец од Британската армија, мина повеќе од 50.000 километри – низ 29 земји за време на своето патување, движејќи се исклучиво пеш или пливајќи. Неговата цел е да стигне до Хал, североисточна Англија, комплетирајќи го кругот, пренесува „БФМ“.
Башби објави дека препливал од Франција до Велика Британија, совладувајќи ја последната голема пречка на патот кон неговиот роден град Хал.
октомври 7, 2026
