Connect with us

Општини

Мастер клас за јапонска кујна во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип

Амбасадата на Јапонија организираше мастерклас за јапонска кујна во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, наменет за младите идни готвачи.

Како што информираат од Јапонската амбасада, идните готвачи и нивните наставници имале можност да се запознаат со „вашоку“ – традиционалната култура на исхрана во Јапонија, која се темели на хармоничната рамнотежа на сезонските состојки, хранливоста и визуелната убавина. Вашоку е впишано на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Мастеркласот вклучуваше презентација на јапонски ножеви и кујнски алатки, демонстрација на неколку рецепти од страна на готвачката Нишикава, а учесниците имале можност и самите да подготват и да вкусат едно од омилените секојдневни јапонски јадења за енергија – онигири (топчиња од ориз).

Готвачката Нишикава е првиот јапонски готвач кој им ја претставил јапонската кујна на учениците и наставниците во ова училиште.