Connect with us

Хроника

Под неисправно возило во Дебар пронајдено оружје и муниција

Жител на Дебар под неисправно патничко моторно возило пронашол оружје и муницијата, на улица во стариот, горен дел на градот, по што ја известил полицијата.

-Вчера во 16:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека С.А.(52) од Дебар, под неисправно возило „опел астра“, паркирано на улица „Павле Џиковски“, пронашол автоматска пушка  со дрвена рачка и со бајонет и една рамка за муниција со 29 куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, завиткана во ткаенина, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаde дека увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.