Регион
Повторно не е конституирано Собранието на Косово, седницата е прекината и ќе продолжи в петок
Претседателката на Собранието на Косово, Аљбуљена Хаџиу изјави дека денешната конститутивна седница на Собранието се одложува и ќе продолжи на 11 септември.
Хаџиу посочи дека предлогот за потпретседател на Собранието на Косово од српската заедница, што Игор Симиќ го наведе како предлог во име на српскиот народ, е противуставен и во спротивност со деловникот за работа.
Таа побара од претставникот на Српска листа, Симиќ да го повлече предлогот и да го усогласи со Уставот на Косово и деловникот.
Хаџиу наведе и дека ниту предлозите за потпретседатели на парламентот од Демократската партија на Косово, Влора Читаку и од, Демократската лига на Косово, Кујтим Шала немаат поддршка од Самоопределување и оти поради тоа е прекината седницата.
Претходно, Хаџиу беше реизбрана за претседателка на парламентот со 62 гласови „за“, 16 „против“, а 13 пратеници беа „воздржани“. Хаџиу беше претседател на Собранието во претходниот состав. Таа е и вршител на должноста претседател на Косово.
По нејзиниот избор седницата беше прекината откако претставниците на парламентарните групи не се договорија за начинот на гласање за потпретседатели односно дали да се поединечно или како група.
За потпретседатели на косовскиот парламент покрај Читаку, Шала и Симиќ предложени Ардијан Гоља од Самоопределување, и Емилија Реџепи од другите малцински заедници.
септември 10, 2026
