Connect with us

Регион

Потпретседателот на Федерацијата на БиХ поднесе кривична пријава против челните луѓе во РТРС за величење на Младиќ

Потпретседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Игор Стојановиќ денеска поднесе кривична пријава до Обвинителството на Босна и Херцеговина против одговорните лица од Радио и телевизија на Република Српска (РТРС) за величење на Ратко Младиќ, воениот командант на Војската на РС, кој беше осуден на доживотен затвор пред Хашкиот трибунал за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување.

Стојановиќ им изјави на новинарите пред зградата на Обвинителството на БиХ дека ја поднесува тужбата бидејќи „постојат основи за сомневање дека е сторено кривично дело поттикнување расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“.  Тој додаде дека очекува државното обвинителство да ги разгледа сите обвинувања поради целодневната програма на РТРС и, како што изјави, „промовирањето осуден воен злосторник“.

„Јавниот сервис не смее да биде простор за претставување на воените злосторници како херои. Воените злосторници не се херои. Пресудите не се прашање на мислење. Почитувањето на жртвите мора да биде над политиката“, рече Стојановиќ.

Според измените на Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, наметнати од поранешниот висок претставник во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, глорификацијата на лица осудени за воени злосторства се третира како кривично дело, казниво со затвор до три години