Connect with us

Сервисни информации

Од среда нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.