Connect with us

Останати спортови

Македонската шаховска репрезентација ги привршува подготовките за Олимпијадата во Самарканд

Македонската машка и женска репрезентација, во својата традиционална база на Попова Шапка, ги привршува подготовките за настап на претстојната 46. Шаховска Олимпијада која ќе се одржи во Узбекистан.

Машката репрезентација ја сочинуваат Филип Панчевски (ИМ, 2430, рејтинг), Емил Ристески (ИМ, 2407), Антон Златков (ФМ, 2389), Никола Николовски (ИМ, 2385) и Тони Лазов (ИМ, 2383).

Во составот на женската репрезентација се Моника Стојковска (ЖФМ, 2076), а во составот ќе бидат и Моника Жежовска (ЖФМ, 1990), Ивана Манова (ЖФМ, 1938), Сања Трајковска (1990) и Катерина Петровска (1888)

Шаховската Олимпијада ќе стартува на 16. септември, со воведното од вкупно 11. кола кои ќе се играат во Меѓународниот изложбен центар „Патот на свилата“ во вториот по големина узбекистански град Самарканд .