Останати спортови
Одбојкарките на Турција ја одбранија европската титула
Одбојкарките на Турција ја одбранија титулата европски шампиони откако во финалето што се играше во Истанбул ја совладаа репрезентацијата на олимпискиот и светски првак Италија со 3:2 во сетови (16:25; 25:22; 12:25; 25:21 и 15:10). Турција е актуелен шампион во Лигата на нации за 2026 година. Победата на турската репрезентација беше прославена во исполнетата сала „Синан Ердем“.
Италија имаше водство во финалето од 1:0 и 2:1 во сетови, но Турција многу подобро го одигра четвртиот сет и успеа да изедначи. Во решавачкиот сет европските шампионки не дозволија противникот резултатски да се доближи.
За Турција ова е второ злато од Европските првенства, а Италија остана со три златни медали последниот освоен во 2021 година.
Во натпреварот за третото место Србија ја совлада Полска со 3:1 во сетови и на тој начин го освоија бронзениот медал.
септември 7, 2026
