Connect with us

Свет

Франција регистрира дополнителни 7.000 смртни случаи поврзани со горештините

Француската министерка за здравство Стефани Рист денеска изјави дека околу 7.000 дополнителни смртни случаи се регистрирани за време на топлотните бранови што ја погодија земјата ова лето, до крајот на јули.

Таа рече дека конечните бројки ќе бидат достапни во наредните недели, објави „Фигаро“.
Националната здравствена агенција процени дека имало 5.764 дополнителни смртни случаи само помеѓу 17 јуни и 2 јули.