Свет
САД почнаа секоја недела да депортираат луѓе во Хаити
Владата на САД депортираше повеќе од 100 луѓе во Хаити, што значително ја зголеми фреквенцијата на ваков вид воздушни летови, објавија денеска американските медиуми.
Ен-би-си Њуз соопшти дека американски авионот вчера полета од американската сојузна држава Луизијана и слета во градот Кап Ајзиен, на северот од Хаити.
„Тоа вчера беше трет последователен лет за депортација во Хаити, што го означува преминот од месечни на неделни летови“, соопшти Human Rights First, која ги следи податоците за летовите.
Со два одделни лета што беа реализирани кон крајот на август од САД во Хаити беа депортирани повеќе од 200 лица.
Николас Мардош, координатор на Министерството за надворешни работи на Хаити, за американските медиуми изјави дека со вчерашниот лет биле депортирани 101 лице.
Тој рече дека меѓу нив е и Ренан Едувил, кој некогаш раководел со Канцеларијата за заштита на граѓаните на Хаити и бил обвинет за корупција.
Депортираните пристигнуваат во Кап-Азиен бидејќи главниот меѓународен аеродром во Порт-о-Пренс се смета за премногу опасен, соопшти Ен-би-си Њуз, додавајќи дека се проценува дека бандите контролираат 70 проценти од главниот град на Хаити и делови од централниот регион на земјата.
Бандиското насилство расели речиси 1,5 милиони лица низ Хаити, а Обидинетите нации наведуваат дека меѓу јануари и јуни годинава биле убиени повеќе од 3.050 лица.
септември 4, 2026
