Свет
Во Романија средношколец со мачета нападна двајца соученици
Романската полиција денеска приведе 15-годишен гимназијалец откако тој со мачета нападна двајца соученици во романскиот град Питешти.
Инспекторатот за вонредни ситуации на округот Арџеш извести дека во денешниот напад, еден од повредените ученици се здобил со рана во раката и бил пренесен во болница, додека другиот бил полесно повреден и одбил да биде однесен во медицинска установа.
Како што јави ја романските медиуми, напаѓачот најверојатно бил цел на „несоодветни шеги“ од неговите соученици, а нападот е „чин на одмазда“.
Инцидентот во Питешти се случи само четири дена откако 13-годишен ученик со нож повреди наставничка и соученик во Бистрица, северна Романија. Тој на социјалните мрежи објави дека нападот го планирал осум месеци. Според првичните сознанија нападот најверојатно бил мотивирани од расна омраза, бидејќи повреди помлад ученик, за кого верувал дека е Индиец, веројатно поради неговата потемна боја на кожата.
Обвинителството вчера соопшти дека ученикот од седмо одделение, кој моментално е во Детската психијатриска болница во градот Клуж-Напока, дејствувал намерно и не покажал знаци на каење.
октомври 23, 2026

