Connect with us

Останати спортови

Светските скијачки првенства од 2032. на секоја година

Одлука Светско првенство во скијање да се одржува секоја година почнувајќи од 2032. година, со исклучок на олимписката година, донесе денеска Меѓународната скијачка федерација (ФИС) на Конгресот во швајцарскиот град Тун.

„По презентирањето на прелиминарната студија за изводливост, која вклучуваше спортска вредност, анализа на календарот за натпревари, како и комерцијалниот потенцијал и потенцијалот за медиумските права, Советот на ФИС го поддржа концептот за зголемување на фреквенцијата на одржување на светските првенства“, соопшти ФИС.

Досега, Светското првенство во скијање се одржуваше во непарни години.

ФИС објави дека останува отворена можноста светските првенства да се одржуваат секоја година почнувајќи од 2028 година, но дека тоа ќе зависи од новите студии за изводливост.

Следното Светско првенство ќе се одржи од 1. до 14. февруари 2027 година во швајцарскиот центра Кран-Монтана, додека Зимските олимписки игри се закажани за 2030. година во Француските Алпи.