Connect with us

Хроника

Лишени од слобода две лица од Кочани, кај нив и во возилото биле пронајдени бела грутчеста материја и пари

Две лица од Кочани, на возраст од 26 и 25 години, се лишени од слобода поради пронаоѓање на бела грутчеста материја и пари во различни апоени при контрола на наплатната станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип.

Контролата вчера ја извршиле полициски службеници од ОВР Свети Николе. При прегледот, кај лицата и во возилото во кое се превезувале биле пронајдени и одземени белата грутчеста материја и пари во различни апоени.

Како што информира денеска СВР Штип, 26 – годишниот А.М и 25 – годишниот  Б.Д. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денеска СВР Штип.