Connect with us

Култура

„Песни од срцата“, концерт на Ана и Игор Дурловски во Битола

Кулурно-информативниот центар-Битола ќе ја заврши културната сезона за ова лето со концертот „Песни од срцата“ на кој ќе настапат оперските уметници Ана Дурловски и Игор Дурловски.

Придружувани од камерениот оркестар „АЈГА“и под диригентска палка на Иван Еминовиќ, уметниците Дурловски на платото на битолскиот Офицерски дом, вечерва ќе ги исполнат традиционалните македонски песни како „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка“, Пингова, „Што да правам, што да чинам“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушко“ и други.

Влезот за концертот е слободен, соопштија од КИЦ-Битола.