Connect with us

Хроника

Гостиварец измамен за 25.000 долари, уплатил пари за да купи олдтајмер

29-годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен од американски државјанин за сум од 25.000 американски долари.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (15.09.2025) во 14:05 часот во ОВР Гостивар, 29-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Г.П. од САД за сума од 25.000 американски долари.

Според пријавеното, на 03.09.2025  преку социјални мрежи тој стапил во контакт со лицето и се договориле да купи патничко возило „форд мустанг“ олдтајмер од 1968 година и првата поливина од цената да ја плати веднаш, а другата откако ќе го добие возилото. Како што е пријавено, тој извршил уплата во филијалата на банка во Гостивар и по неколку дена изгубил секаков контакт со лицето, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.