Connect with us

Хроника

Претрес во скопско, пронајдени стебла канабис, приведено едно лице

Во село Ајватовци попладнево околу 12:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Како што информира МВР, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници го затекнале лицето во близина на полуотворена фолија за одгледување растенија во која се гледале насадени повеќе стебла од канабис.  

Местото било обезбедено и подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле претрес, при што пронашле и одзеле повеќе стебла канабис. Д.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.