Connect with us

Култура

Филмски вечери на европско кино во ЦК “Бели мугри” во Кочани

Љубителите на филмската уметност наредната недела ќе имаат можност да уживаат во две различни филмски проекции во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, наменети и за најмладата публика и за љубителите на драмските остварувања.

Во вторник, 18 август, со почеток во 19:00 ч., ќе биде прикажан анимираниот детски филм „Таинствената шума“, синхронизиран на македонски јазик. Филмот носи возбудлива приказна исполнета со мистерија, пријателство и незаборавни авантури. 

Во четврток, 20 август, од 20:00 часот, на програмата е драмата „Горчлив Божиќ“, филм што обработува теми како загубата, тагувањето, љубовта и сложените човечки односи. Проекцијата е наменета за публика над 14 години.