Connect with us

Вести

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

Осумнаесет кандидати ќе влезат во трката за градоначалник на Скопје на претостојните локални избори доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи.

Рокот за поднесување кандидатури истече на 13 септември на полноќ. ДИК соопшти дека до завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на 80 општини и на Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје. Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени од група избирачи.

Најголем број на кандидатски листи за градоначалници и совети е поднесено за Градот Скопје односно вкупно 18 листи на кандидати за градоначалник на Град Скопје и 20 листи на кандидати за членови на Советот на Град Скопје.