Хроника
Во Виница лишен од слобода возач, кој удрил во лице кое претходно излегло од друго возило

Во ОВР Виница вчера околу 17:20 часот пријавено е дека во круг на бензинска пумпа во Виница, товарно возило „ман“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.С.(54) од Пробиштип, удрило во Љ.П.(72) од Пробиштип, кој претходно излегол од паркирано товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки, информира МВР.
По несреќата Љ.П. е пренесен во Општата болница во Кочани, каде што лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница и јавен обвинител, по чија наредба околу 20:10 часот возачот С.С. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик, се нагласува во информацијата од МВР.
септември 15, 2025