Connect with us

Хроника

Неготинец со 2,38 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци

Неготинец со 2,38 промили алкохол во крвта возел утрово низ Кавадарци. Од Секторот за внатрешни работи – Велес информираа дека денеска во 3:40 часот на улица „Шишка“, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода 38-годишниот Ј.С од Неготино.

-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.

Тој бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител.

-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, потенцираа од СВР – Велес.