Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Со панорамски автобус и стручно водство, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денеска беше организиран бесплатен панорамски разглед на градот – патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје.

Како што објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил, со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот.

-Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина. Затоа, наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации, наведува Ѓорѓиевски.