Connect with us

Скопје

Општина Ѓорче Петров обезбедува бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година, најави на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Секое прваче, како што вели во објавата, ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование.

-Првиот училишен ден е еден од најважните моменти во животот на секое дете. Наша обврска е да создадеме услови секое прваче безгрижно и со насмевка да зачекори во училишните клупи. Затоа, континуирано инвестираме во образованието и во мерки што им помагаат на децата и на нивните семејства – истакна Стојкоски.

Со оваа мерка, додаде, општината уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање еднакви можности за сите ученици и обезбедување квалитетни услови за нивниот образовен развој