Хроника
Жителка на Демир Капија обвинета дека го натерала малолетниот син да одземе околу 17.300 евра од поранешниот свекор
Полициски службеници од ОВР – Неготино синоќа во 19:15 часот лишиле од слобода 36-годишна жена од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор, дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот – појаснија оттаму.
Таа била задржана во полициска станица. По целосно документирање на настанот, како што додадоа од СВР – Велес, ќе биде поднесена соодветна пријава.
јули 24, 2026
