Хроника
Кривична пријава за стружанец за незаконит риболов
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 46-годишен жител на Струга за незаконит риболов, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, М.Ч. (46) бил затекнат во риболов со риболовен алат – канџа врши лов на риба, во време на изречена забрана за риболов.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ч.(46) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Тој го сторил делото на 25 мај годинава на крајбрежје од Охридското Езеро во близина на реката Црн Дрим во Струга, каде е затекнат како во време на изречена забрана за риболов со риболовен алат – канџа врши лов на риба, стои во соопштението.
При преглед, полициските службеници пронашле и одзеле уловена риба крап и друг риболовен алат.
јули 22, 2026


