Хроника
Кривична пријава за две лица од Струшко за напад на полицаец
Кривична пријава за две лица од Струшко за напад на полициски службеник и помагање во врска со напад на службено лице, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, на 10 јули 2026 во Струга, првопријавениот физички нападнал полициски службеник од Регионалниот центар „Запад“, а му помогнал второпријавениот.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(35) и Б.Ѓ.(46) од струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице“ и „помагање во врска со напад на службено лице“, стои во соопштението на СВР Охрид.
јули 22, 2026

