Connect with us

Хроника

Полицијата приведе 31-годишен тетовец по пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера го лишиле од слобода В.З. (31) од Тетово.

-При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен во периодот од 20:00 до 20:55 часот со судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Ad
Ad