Хроника
Скопјаните кои силуваа девојка во Лисиче добија кривични по брза постапка
Кривична пријава е поднесена против двајца скопјани за сторено кривично дело „полов напад и силување“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– СВР – Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик – информираа од МВР.
Тие биле осомничени дека со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба.
– Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје. Тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка времено одземање на патната исправа – појаснија од МВР.
јули 21, 2026

