Connect with us

Хроника

Работник од Делчево почина по пад во фабрика

Триесетгодишен работник од Делчево вчера загина при несреќа во фабрика во градот.

Како што информира СВР Штип, настанот се случил на 10 септември околу 11 часот, кога В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. На пат кон Клиничката болница во Штип, во возилото на Итната медицинска помош, тој им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, стои во соопштението од СВР Штип.