Вести
Министерството за правда: Се финализираат измените и дополнувањата на Изборниот законик
Деветтата седница на работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик, се одржа денеска – соопштуваат од Министеството за правда.
– Во текот на досегашната работа работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Некои од решенијата беа усогласени со консензус, а за одредени прашања се водеше интензивна и конструктивна дебата – стои во соопштението.
Како што дополнуваат, по комплетирањето на процесот и финализирањето на предлог-решенијата, измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе бидат доставени за понатамошна постапка.
јуни 18, 2026


