Connect with us

Фудбал

Мбапе: Многу сум среќен што го надминав достигнувањето на Анри но сепак имам уште една личност што треба да ја престигнам

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, по натпреварот против Исланд (2:1) во квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 година, истакна дека е среќен што го надмина Тиери Анри во ефикасност.

– Имаме многу да научиме од овие два натпревари, и тоа не само позитивни. Сето ова ни овозможува да работиме на себе, да видиме што ни недостасува. Успеавме да освоиме шест бода, и тоа е одлично. Среќни сме што ги победивме нашите директни конкуренти. 52-риот гол? Многу сум среќен, Тиери Анри е жива легенда. Сепак, има уште една личност што треба да ја победам, па затоа не треба премногу да славиме, сè уште има работа, изјави Мбапе за „Л’Екип“.

Во историјата на француската репрезентација најефикасен фудбалер е Оливие Жиру со 57 погодоци.

Францускиот тим има шест бода во два натпревара и е лидер во Групата Д во квалификациите за Светското првенство 2026. 

Исланд е на 2. место со три бода.