Вести
Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
Во Основниот граѓански суд Скопје објавени се повеќе известувања за презакажани и одложени рочишта за кои странките дополнително ќе добијат нови термини. Од судот за МИА информираат дека станува збор за одложувања предмети на тројца судии, кои со одлука на Судскиот совет привремено се делегирани во други судови.
– Предметите на делегираните судии, во согласност со опертивниот систем АКМИС по автоматска распределба, веднаш се распределени кај судиите во соодветните оддели во кои работеле делегираните судии – информираат од Граѓанскиот суд Скопје.
Бидејќи судиите што ги добиле предметите од веќе сега делегираните судии имале закажани рочишта и насрочени предмети по кои тие постапуваат, новораспределените предмети веднаш ги презакажале по писмен пат за што има и соодветни известувања во просториите на судот.
Воедно, судот известува дека во одредени предмети во кои постоеле можности да се одржат закажаните рочишта од делегираните судии тие се одржани.
На огласните табли и на вратите од судниците во Основниот граѓански суд Скопје закачени се повеќе известувања за распределени предмети од судијката Маја Грозданоска, како и дека закажаните рочишта во мај и јуни кај судијката Софче Китанова-Проданов нема да се држат, а за новозакажани термини стрнаките ќе бидат дополнително известени.
јуни 13, 2026

