Connect with us

Култура

Мултимедијален концерт „Неми слики – жива музика“ во Дебар

Во Центарот за култура во Дебар вечерва  се одржа мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“, посветен на уметноста на немиот филм. 
 
Пред дебарската публика, во концертната сала, настапи гудачкиот квартет предводен од Пламенка Трајковска, кој во живо изведе музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. 

Концертот понуди можност за доживување на спојот меѓу филмската и музичката уметност, инспириран од традицијата на почетоците на кинематографијата, кога музиката во живо била составен дел од филмските проекции.

 
 Автор на проектот е виолинистката и композиторка Пламенка Трајковска, членка на Филхармонијата и основач на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“, која не го криеше задоволството што овој проект го презентира пред прекрасната публика.  Во составот на квартетот, покрај Трајковска, настапија Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. 
 
На програмата беа најпознатите музички теми од ерата на немиот филм, регтајм композиции, како и авторска музика специјално создадена за овој проект. 
 
Според директорот на Центарот Илбер Нуредини, одржувањето на проектот е поддржано од Министерството за култура.

Ad
Ad