Connect with us

Хроника

Едно лице повредено откако со возилото излетало од патот кај Пехчево

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 20:45 часот кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево.

Несреќата се случила кога возилото се превртело и излетало од патот. Повреденото лице било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово, по што со брза интервенција е пренесено од екипа на Итна медицинска помош, потврди за МИА командирот на ТППЕ Берово Димитар Гошевски. 

Сообраќајот на овој потег во моментов се одвива со наизменично пропуштање на возилата, под контрола на сообраќајната полиција.

Од полицијата најавија дека повеќе детали за несреќата ќе бидат соопштени во текот на вечерта.