Вести
Честитка од Гаши: 11 Октомври нè потсетува на вредностите кои и денес треба да бидат наша водилка во градењето на државата
Претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востаните упати честитка во која потсетува дека овој празник нè потсетува на вредностите врз кои се гради едно демократско и праведно општество, слободата, солидарноста, меѓусебното почитување и заедништвото.
-Денес го одбележуваме 11 Октомври, Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја, симбол на храброста, непокорот и решителноста на народот да се избори за слобода, достоинство и сопствена иднина. Овој празник нè потсетува на вредностите врз кои се гради едно демократско и праведно општество, слободата, солидарноста, меѓусебното почитување и заедништвото. Тоа се вредности кои и денес треба да бидат наша водилка во градењето на државата и во создавањето подобра иднина за генерациите што доаѓаат, вели Гаши.
Наша обврска, се додава во честитката, е со почит да го чуваме споменот на сите оние кои се бореле и се жртвувале за слободата, а нивната храброст да ја преточиме во одговорност, единство и посветеност кон демократскиот развој, владеењето на правото и европската иднина на нашата земја.
-Само преку заедништво, заемна почит и почитување на различностите можеме да изградиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво вреднуван и ќе има можност да придонесе кон заедничкиот напредок. Нека 11 Октомври биде потсетник дека слободата и достоинството се вредности што треба постојано да ги негуваме и браниме. На сите граѓани им го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание, со желби за мир, благосостојба и просперитет, стои во честитката од претседателот на Собранието Африм Гаши.
октомври 11, 2026


