Connect with us

Живот

Британецот Карл Башби се врати во Англија по 28 години долг пат околу светот

Британскиот авантурист Карл Башби се врати во Англија 28 години откако ја напушти земјата, откако го преплива Ламанш. Со тоа, како што тврди, го заокружи патувањето околу светот изведено целосно без употреба на моторни превозни средства, коешто го започна во 1998 година,  објави „Ал џезира“.

Башби (57), поранешен падобранец од Британската армија, мина повеќе од 50.000 километри – низ 29 земји за време на своето патување, движејќи се исклучиво пеш или пливајќи. Неговата цел е да стигне до Хал, североисточна Англија, комплетирајќи го кругот, пренесува „БФМ“.

Башби објави дека препливал од Франција до Велика Британија, совладувајќи ја последната голема пречка на патот кон неговиот роден град Хал.