Регион
Десетици илјади луѓе се собраа во Приштина во знак на поддршка на припадниците на ОВК
Во центарот на Приштина се одржа „Марш за слобода“, собир за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг за воени злосторства извршени на Косово и Метохија во текот на 1998 и 1999 година, пишува rts.rs.
На централната бина е поставен часовник кој го одбројува времето до 16 септември, кога во Хаг ќе бидат изречени првостепените пресуди за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, чии фотографии беа истакнати на централниот плоштад во близина на Народниот театар.
Собирот, организиран од граѓанската платформа „Слобода има име“, собра Албанци од повеќе делови на Косово и Метохија, Албанија и Северна Македонија.
Присутните носеа знамиња на ОВК, Албанија и поретко на Америка, како и пароли со натписи „Без правда нема мир“, „Слобода има име“ и „Во име на народот, прогласете ги за невини“.
На собирот присуствуваа и повоени партиски лидери и поранешни регионални команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), предводени од Рамуш Харадинај.
Полицијата обезбедуваше витални објекти, верски објекти и приоди кон српските средини во околината на Приштина.
септември 12, 2026
