Connect with us

Скопје

Целосно реновирање на Општинската зграда во Општина Илинден

Општинската зграда на Општина Илинден добива целосно нов, модерен и функционален изглед преку темелно реновирање на објектот. Со реализацијата на овој значаен проект, по повеќе децении, општинската зграда за првпат ќе биде целосно обновена и прилагодена на современите стандарди за работа и функционирање, информираат од Општината.

Во рамки на активностите целосно се отстранува постојниот дотраен кров и кровната конструкција, која зафаќа површина од околу 400 м², а ќе биде поставен нов современ кровен систем, кој, како што нагласуваат, ќе обезбеди поголема трајност, стабилност и сигурност на објектот, како и подобра заштита од атмосферски влијанија, со можност за поставување фотоволтаици. Со ова, велат, значително ќе се подобрат условите во објектот и ќе се намалат потребите од идни интервенции и поправки.

-Постоечката столарија, врати и прозорци кои се во дотраена состојба, ќе бидат заменети со нови ПВЦ прозорци со подобри термоизолациски карактеристики. Со нивната замена ќе се придонесе кон подобра топлинска изолација на објектот. Исто така ќе се изврши и обновување на фасадата со цел поголема енергетска ефикасност и создавање попријатни услови за престој и работа во општинските простории, доваат од Општина Илинден.