Connect with us

Економија

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3,7 отсто

Цените на угостителските услуги во август годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 3.7 %. Во однос на претходниот месец, пак, се зголемени за 0.6 %, објави денеска Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.3 %.