Connect with us

Економија

ДТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во Македонија, од јули 2024 до јуни 2026 година прилив од 1,381 милијарди евра

Во периодот јули 2024 – јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра, што претставува 86 отсто поголем прилив во споредба со периодот анализиран од јуни 2017 – мај 2019 година. Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра, информира Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ).

Овие податоци, како што велат од ДТИРЗ, се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација.

-Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој. Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој!, порачуваат од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.