Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека ја задолжиле државата како никој претхнодно

Талогот од СДС призна дека во своето апокалиптично владеење со државата, ја ограбија, осиромашија и уништија државата.

СДС призна дека ја задолжиле државата како никој претходно, односно за 7 години успеаја да не задолжат за истата сума за периодот од 1990 до 2017 година, а со тоа каматите кои денес годишно ги исплаќаме се дури три пати повисоки од 2017 година.

Лошите проекти како солидарниот данок кој денес го враќаме, ја чини државата над 50 милиони евра.

Да не заборавиме и дека јавниот долг во нивно време беше 61,4%, а денес за 2 години е намален на 58,7%.

Во истиот период инфлацијата варираше од 10-20%, а платите и пензиите стагнираа, додека цените на храната еруптираа.

Денес сликата е поинаква. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизираше економијата, носи инвестиции, отвора нови работни места, се намалува јавниот и државниот долг, инфлацијата е најниска во регионот.